Вандерлеи Луксенбурго, во еден период од кариерата, имаше можност да го тренира Реал Мадрид. Тимот на Реал, од медиумите наречен „Галактикос“, Бразилецот го предводеше од јануари до декември 2005 година.
Луксембурго во тимот ги имаше Раул, оригиналниот Роналдо, Зинедин Зидан, Дејвид Бекам, Роберто Карлос, Мајкл Овен…
Познат е по својата формација 4-2-2-2 или како што ја нарекоа медиумите, магичниот правоаголник.
Луксембурго во едно интервју откри дека добил отказ од Флорентино Перез, поради измена што не требало да ја направи.
„Игравме против Хетафе, победивме со 1:0 и покрај тоа што Бекам беше исклучен во првото полувреме. Бидејќи водевме, во 90.минута решив да го извадам од игра Роналдо. Нормално е дека кога играш со фудбалер помалку да го чуваш резултатот. Публиката извади бели шамивчиња и започна да мавата со нив“, открил Луксембурго и продолжил.
„Натпреварот заврши и додека одев кон соблекувалната ми пријде Перез. Ме праша што се случи, му реков ништо. Ме праша зошто го извадив Роналдо, а јас му одговорив дека водевме и дека не сум загрижен од реакцијата на навивачите, туку дека ме загрижува Барселона која треба да ја стигнеме на табелата“.
Тогаш тренерот добил одговор од Перез што не го очекувал.
„Во Реал треба да мислиме на играта и на навивачите. Тие плаќаат влезници за да гледаат забава. Му кажав дека јас не дојдов во Мадрид, туку дека тој дојде по мене во Бразил. Му реков дека ќе го водам тимот онака како што мислам дека е најдобро. Наредниот ден добив отказ.“
Валериј Луксенбурго со Реал не успеа да освои ниту еден трофеј.