Top Sport

Измислица е дека Барса и Јуве постигнале договор за Пјаниќ

Италијанскиот новинар Ромео Агрести и неговиот шпански колега Алфредо Мартинез ја коментираа вчерашната ексклузивна вест каталонскиот весник „Спорт“ дека за Нелсон Семендо Јувентус во Барселона ќе ги испрати Миралем Пјаниќ, Матија Де Шиљо и 25 милиони евра. Според нов од наведеното само 50 отсто е вистина, а останатото е измислица на медиумот кој соработува со претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу.

Агрести и Матинез, но и уште неколку други медиуми тврдат дека Барселона и Јувентус преговараат околу Пјаниќ и дека се далеку од постигнување на некаков договор.

Претходно актуелна беше размената Пјаниќ за Артур Мело, меѓутоа Бразилецот јасно кажа дека нема намера да ја напушта Барселона.

„Според ова што го читам од размената Пјаниќ-Атур (кој е проценет на 60 милиони евра), дојдовме до размена Семедо за Пјаниќ, Де Шиљо и 25 милиони евра. Доколку тоа е точно тоа значи дека Барселона заврши одлична работа. Меѓутоа според моите извори не е постигнат никаков договор, односно дека она што е напишано не е вистина. Едиснтвено е точно дека Барселона покажува голем интерес за Пјаниќ, но ги чека многу работа“, рекол Мартинес инаку новинар на „Онда Серо“.

Scroll to Top