Top Sport

Изнајмил кран за да го гледа својот тим

Навивач на турскиот вторлигаш Денизлиспор стана хит на социјалните мрежи по денешниот меч, во кој неговиот тим го победи Газиентеpспор со 5:0.

Денизлиспор се бори за опстанок во вторлигашката конкуренција, додека Газиентепспор одамна е преселен во понизок ранг.

Домаќинот победи со 5:0, а головите и победата останаа во сенка на она што го приреди верниот фан на клубот.

Имено, на овој неименуван навивач, му изречена едногодишна забрана за влез на стадионот, а тој сепак го гледаше мечот и тоа од највисокото место.

Навивачот пред стадионот паркирал дигалка и се кренал високо над стадионот. Мечот го следел од својата приватна ложа.

Scroll to Top