Top Sport

Изненадување од Мадрид: Флорентино Перез се повлекува од кормилото на Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе се повлече од оваа функција во 2025 година, објави новинарот Сири Лопез, а пренесоа и други шпански медиуми.

Според овие информации, последната работа што тој треба да ја заврши во „кралскиот клуб“ ќе биде реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Перез во два мандати помина речиси дваесет години на чело на Реал Мадрид. Тој првпат го водеше клубот од 2000 до 2006 година, а по кратка пауза повторно се врати во 2009 година.

И двата негови мандати ќе останат запаметени по регрутирањето на најдобрите светски фудбалери во тој момент, па тимот со него на чело популарно го нарекуваа „галактикос“.

Во првиот мандат ангажираше фудбалери како Фиго, Бекам, Роналдо Назарио, Зидан, Овен… По враќањето во клубот, во првиот преоден рок ги доведе Кристијано Роналдо и Рикардо Кака.

Со него како претседател, Реал Мадрид освои 30 трофеи, од кои шест во Лигата на шампионите.

 

Scroll to Top