Top Sport

Израел презеде драстични чекори за да избегне исфрлање од европскиот фудбал

Израел презема сè можни мерки, па дури и најдрастични, за да го спречи исфрлањето од УЕФА и ФИФА, пишува британски „Тајмс“. Реагираа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според наводите на Times, премиерот Нетанјаху лично телефонски разговарал со фудбалски функционери од УЕФА и ФИФА за да спречи забрана за учество на Израел во сите меѓународни натпреварувања.

УЕФА идната недела ќе одржи итен состанок на сите федерации за да гласа за потенцијалната суспензија на Израел. Јавноста верува дека големо мнозинство од европските фудбалски сојузи се согласни за исклучување на Израел поради геноцидот врз народот на Газа.

Нетанјаху, наводно, се обидел да ги убеди високите фудбалски функционери да не преземаат вакви мерки.

Се додава и дека американскиот претседател Доналд Трамп го предупредил претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на последиците од таков потег.

„Апсолутно ќе работиме на тоа целосно да го запреме секој обид да ѝ се забрани на израелската фудбалска репрезентација учество на Светското првенство“, изјави претходно портпаролот на Стејт департментот за „Скај Њуз“.

Scroll to Top