Top Sport

Израелците им ги бараат дресовите на Меси и Нејмар

Фудбалерите на Макаби Хаифа со нетрпение ги очекуваат претстојните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.

Шампионот на Израел успеа да ја елиминира Црвена звезда по победата од 3:2, во Хаифа и ремито 2:2 во Белград.

Макаби доби атрактивни противници во групната фаза од Лигата на шампионите: ПСЖ (Франција), Јувентус (Италија), Бенфика (Португалија).

ПСЖ се особено привлечни поради големите ѕвездите како Аргентинецот Меси и Бразилецот Нејмар.

Фудбалерите на Макаби со нетрпение ги очекуваат тие натпревари и можноста да се соочат со најголемите светски асови. И да ги добијат дресовите. Некои израелски играчи јавно побараа од Меси и Нејмар да им ги дадат дресовите.

Scroll to Top