Реал Мадрид, во јануарскиот преоден рок, ќе се обиде да го донесат на „Сантијаго Бернабеу“ левиот бек на Бетис, Жиниор Фирпо.
Играчот кој потекнува од Доминиканска република, сезонава е еден од најдобрите фудбалери на Бетис. На 15 натпревари во првенството постигнал три гола.
Реал бара решение на левата страна во одбраната поради честите повреди на Марсело. Самиот фудбалер не крие дека желба му е да го облече дресот на Реал.
„Се сеќавам дека кога прв пат стигнавме во Шпанија на телевизија гледавме натпревар на Реал. Мојот татко секогаш навивал за Реал“, изјавил Фирпо.
Инаку левиот бек има договор со Бетис до 2023 година, а клаузулата за откуп која Реал сакаат да ја активираат изнесува 50 милиони евра.