Попладнево во Грималдо форумот во Монтер Карло беше извршена ждрепката за групната фаза во Лига Европа.
Фаворитите, екипите од првиот шешир, добија посакувани противници и ќе биде вистинско чудо доколку не успает да се пласираат во нокаут-фазата.
Како најинтересна се издвојува групата Д во која се Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, односно ПСВ Ајндховен, Розенборг, ЛАСК Линц.
Единствениот претставник од просторите на поранешна Југославија, Партизан од Белград ќе се натпреварува во групата Л заедно со Манчестер Јунајтед, Астана и Аз Алкмар.
Лига Европа сезона 2019/2020:
Група А: Севилја, АПОЕЛ, Карабаг, Дуделанж
Група Б: Динамо Киев, Копенхаген, Малме, Лугано
Група Ц: Базел, Краснодар, Хетафе, Трабзон
Група Д: Спортинг Лисабон, ПСВ Ајндховен, Розенборг, ЛАСК Линц
Група Е: Лацио, Селтик, Рен, Клуж
Група Ф: Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Стандард Лиеж, Виторија Сетубал
Група Г: Порто, Јанг Бојс, Феенорд, Глазгов Ренџерс
Група Х: ЦСКА, Лудогорец, Еспањол, Ференцварош
Група И: Волфсбург, Гент, Сент Етиен, Олександрија
Група Ј: Рома, Борусија Менхенгладбах, Басахшекир, Волсбергер
Група К: Бешикташ, Брага, Вулверхемптон, Слован Братислава
Група Л: Манчестер Јунајтед, Астана, Партизан, АЗ Алкмар
Сезоната во Лига Европа ќе започне на 19 септември, а финалето ќе се игра во Гдањск.