Top Sport

Извлечени се групите за Африканскиот куп

Во Рабат се одржа ждрепката за групите за Африканскиот куп на нации, кој ќе се одржи во Мароко од 21. декември 2025 до 18. јануари 2026 година.

На африканското првенство ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи по четири селекции.

Група А: Мароко, Мали, Замбија, Комори
Група Б: Египет, Јужна Африка, Ангола, Зимбабве
Група Ц: Нигерија, Тунис, Уганда, Танзанија
Група Д: Сенегал, Конго, Бенин, Боцвана
Група Е: Алжир, Буркина Фасо, Екваторијална Гвинеја, Судан
Група Ф: Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Габон, Мозамбик.

Во осминафиналето ќе се пласираат двете најдобри селекции од секоја група и четирите најдобри третопласирани.

Титулата од 2023 година ја брани репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Scroll to Top