Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), во вторникот во Цирих, ја изврши ждрепката за Светското клупско првенство, кое годинава од 12. до 22.декември ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.
Во ова натпреварување учествуваат шестте континентални шампиони и еден претставник на земјата домаќин. Во овој формат, Светското клупско првенство ќе се одржи по 15.пат, а титулата во изминатите две години ја освојуваше Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“, настапот на турнирот ќе го започне од полу-финалето, а противник ќе му биде победникот од натпреварот помеѓу најдобриот клуб во КОНКАКАФ зоната, Гвадалахара (Мексико) и тимот што ќе ја освои Лигата на шампиони на Азија.
На другата страна од костурот најпрвин во прелиминарната фаза ќе играат првакот на Обединетите Арапски Емирати и Велингтон (Нов Зеланд), инаку шампион на Океанија.
Победникот од овој меч, во четврт-финалето, ќе игра против првакот на Африка. Подобриот од овој дуел за противник во полу-финалето ќе го има освојувачот на Копа Либертадорес, односно клупскиот првак на Јужна Америка.
Финалниот меч на 22.декември ќе се одигра во Абу Даби.
Así quedó el sorteo del Mundial de Clubes, @Chivas (2da ronda) y @realmadrid (semifinal) esperan sus rivales #Datitos pic.twitter.com/fvbZ3w4bMn
— Roberto Rivera (@DatitosRivera) September 4, 2018