Top Sport

Извршил самоубиство поради Аргентина

Дваесет годишен навивач на Лионел Меси и Аргентина од Бангалдеш извршил самоубиство по елиминацијата на „гаучосите“ од Франција, на Светското првенство во Русија.

Моноташ Халдер, како што изјавиле членовите на неговото семејство, по поразот на Аргентина со плачење се затворил во својата соба, каде наредното утро неговите родители го пронашле мртов.

Полицијата во Хабипур соопшти дека момчето извршило самоубиство со бесење.

Аргентина, во осмина-финалето, загуби од Франција со 3:4 и го заврши својот настап на Светското првенство во Русија.

Scroll to Top