Top Sport

„Ја навредив Барселона, а Меси не зборуваше со мене три месеци“

Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес изјави дека откако во една прилика го навредил фудбалскиот клуб Барселона, неговиот сонародник Лионел Меси не сакал да разговара со него цели три месеци.

Меси играше за Барселона 23 години, каде што се прослави, освојувајќи 10 титули во шпанската лига, четири трофеи во Лигата на шампионите и седум трофеи во Копа дел Реј. Постигна 672 гола, со што стана рекордер за каталонскиот клуб.

Тој го напушти клубот во 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен, а две години подоцна потпиша за Интер Мајами.

Додека играл за Пари Сен Жермен, Паредес упатил серија навреди кон Барселона за да ги мотивира своите соиграчи во мечот од Лигата на шампионите во февруари 2021 година, кој францускиот клуб го доби со 4:1. Зборовите на Паредес стигнале до Меси, кој птооа не сакал да разговара со соиграчот од националниот тим.

„Не разговаравме околу три месеци. Се чувствував навистина лошо. Му испратив порака следниот ден, а потоа уште една. Две недели подоцна, му напишав: „Не беше насочено кон тебе, не сакав да те навредам”. Но, тој не одговори. Не одговори во следните три месеци”, изјави Паредес за „Infobae“.

„Поминаа три месеци и си помислив: „Сега треба да видам како ќе реагира“. Но не, феномен, феномен. Истиот ден стигнавме на тренинг кампот на репрезентацијата, јас стигнав малку порано и тој дојде во мојата соба. Ги мијав забите, навистина беше рано, а тој ме поли со вода и ми рече: „Што правиш толку рано?“ “, додаде Паредес.

Меси и Паредес овој месец ќе играат за репрезентацијата на Аргентина во квалификациите за СП 2026 година, на натпреварите против Уругвај и Бразил.

Scroll to Top