Top Sport

Ја одби Рома, Гасперини го продолжи договорот со Аталанта

Џан Пјеро Гасперини ја одбил понудата на Рома и го продолжил договорот со Аталанта. Гасперини решил да остане во Бергамо по состанокот со првиот човек на клубот Антонио Перкаси.

Гасперини сезонава постигна неверојатен резултат со Аталната. Клубот од Бергамо стигна до финалето во Купот на Италија, а во првенството го освои третото место што значи дека од септември ќе игра во Лигата на шампионите.

„Скај спорт Италија“ објави дека Гасперини добил ветување дека клубот нема да ги продаде најдобрите играчи, туку дека ќе бидат донесени засилувања, со кои Аталанта ќе биде конкурентна во Лигата на шампионите.

Тренерот го продолжил договорот со клубот до јуни 2022 година, за годишна плата од два милиони евра.

Гасперини е тренер во Аталната од 2016 година, а претходно работел во Џенова, Интер, Палермо…

Scroll to Top