Top Sport

Циндриќ ќе си го оствари детскиот сон, ќе игра во Барселона

Лука Циндирќ се наоѓа пред трансфер во Барселона. Оваа информација ја потврдил претседателот на Кјелце, Бертус Сервас. Полскиот клуб од трансферот ќе инкасира 500.000 евра.

„Преговорите се влезени во завршната фаза. Викендов повторно ќе разговараме со претставниците на Барселона и веројатно успешно ќе ги завршиме преговорите. Постојат некои мали разлики, н тие нема да влијаат на конечниот исход. Ќе се договориме“, рекол Сервас и дополнил.

„Лука е среќен во Кјелце, но уште од мал сонува да игра во Барселона. Тешко е да се одбие таква понуда, но имам чувство дека Циндриќ еден ден ќе се врати кај нас“.

Поранешниот играч на Вардар, во Барселона, ќе го наследи легендарниот Раул Ентрериос, а од трансферот во касата на Кјелце ќе влезат 500.000 евра.

Сервус најави дека на местото на Циндирќ ќе пристигне неговиот соиграч од репрезентацијата Игор Карачиќ, кој поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Вардар ќе го напушти Скопје.

Scroll to Top