Top Sport

Ја остави Барса без два бода, па во солзи замина од „Ноу Камп“

Барселона, вчера, против Кадиз, остана без два важни бода во борбата за шампионската титула. На „Ноу Камп“, натпреварот заврши 1:1, а головите беа постигнати од белата точка.

Барса, по постигнатиот гол, против инфериорниот противник, не успеа да постигне уште еден со кој ќе ги решеше дилемите околу конечниот победник, па беа казнети во 89.минута, кога Клеман Ленгле направи аматерски пенал.

Францускиот интернационалец, кој има договор до јуни 2026 година и плата од 5,7 милиони евра, оваа сезона игра во во исклучително лоша форма. Роналд Куман, кога и да може, не ги користи неговите услуги, а како тргнал веројатно на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

По завршувањето на натпреварот, навивачите на Барселона, го снимиле Ленгле кој во солзи заминува од „Ноу Камп“.

 

Scroll to Top