Top Sport

Онана не се предава, поднел тужба против УЕФА

Андре Онана ја обжали одлуката на УЕФА пред Судот за спортска арбитража во Лозана. Камерунецот поради кршење на допинг правилата, на 5.февруари, доби едно годишна суспензија.

На допинг контролата, на 30.октомври минатата година, во урината на голманот биле пронајдени траги на забранетата супстанца Фуросемид. УЕФА го извести клубот дека суспензијата започнува да важи во истиот момент.

Онана верува дека не направил ништо лошо и дека станива збор за несреќен случај. Голманот и неговиот клуб Ајакс ги здружиле силите и заеднички поднеле тужба против УЕФА.

Адвокатите на Ајкас за холандските медиуми рекле дека се убедени, дека ќе го добија случајот, иако одбраната на Онана делува наивно.

Тој тврди дека забранетиот Фуросемид го зел по грешка, мислејќи дека се работи за Аспирин.

Scroll to Top