Top Sport

Ја победи Аргентина па поднесе оставка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Венецуела, Рафаел Дудамел, по големата победа над Аргентина (3:1), ја понудил својата оставка.

Дудамел бил лут што неговата репрезентација ја користат во политички цели, поради што и понудил оставка на функцијата.

Проблемот настанал ред почетокот на натпреварот, што се одигра во Мадрид на „Ванда Метрополитано“. Политичари решиле да ги посетат репрезентативците. Тоа не би било спорно доколку состојбите во Венецуела се нормални. Оваа држава е во длабока криза и на раб на граѓанска војна.

Дидамел ќе ја предводи Венецуела и на пријателскиот натпревар со Каталонија, кој се игра в понеделник, а потоа ќе се седне со челниците на Сојузот за да разговараат за оставката.

Scroll to Top