Младиот фудбалер на Бреша, 19-годишниот Сандро Тонели ја подигна на нозе италијанската јавноста на нозе поради тоа што ја кажа причината поради која ја скратил долгата коса.
Младиот фудбалер, кого сонародниците го сметаат за наследник на легендарниот Андреа Пирло има друг идол, па споредбите со Пирло не му се по мерак.
„Играме на иста позиција и тоа е се. Мислам дека повеќе ме споредуваат со него заради фризурата, затоа се потстрижав“ рекол Тонели.
#Brescia sensation Sandro Tonali prepares for his #SerieA debut, shrugs off Andrea Pirlo comparisons and reveals #ACMilan “rejected me.” https://t.co/W1tB4U1OA1 pic.twitter.com/N7V3Syg3lR
— footballitalia (@footballitalia) July 27, 2019
Играчот од средниот ред роден 2000 година веќе две сезони игра сениорски фудбал, а до сега има 56 настапи за Бреша.
Тој додава дека никој не може да се споредува со играчи како Пирло или Стивен Џерард.
„Ако веќе мораат да ме споредуваат, тоа нека биде со Џенаро Гатусо. Јас сум играч како него“ – вели Италијанецот.