Top Sport

Ја скрши ногата обидувајќи се да го имитира Роналдо (видео)

Вториот гол на Кристијано Роналдо во мечот против Јувентус во Торино беше спектакуларен и немаше човек кој не беше воодушевен од скокот од 2.38 метри на Португалецот за „ножичките“. По ова следеа споредбите и копирањата, како тоа на аргентинскиот новинар Мануел Санчез, кое не заврши најдобро.

Санчез беше сигурен дека може да го повтори потегот на ѕвездата на Реал Мадрид на тревникот пред канцеларијата на „Канал 12“ со душек како мерка за претпазливост. И, тоа не помина најдобро – Санчез завшри со скршена нога.

Scroll to Top