Top Sport

Матиќ со порака до Погба: Мораш да бидеш главниот играч на Јунајтед

Пол Погба доби порака од својот соиграч од Манчестер јунајтед, Немања Матиќ дека мора да стане „главниот играч“ во средината на теренот на клубот од „Олд Трафорд“.

Погба се врати во Јунајтед за рекордни за клубот 89 милиони фунти во 2016 година, но оттогаш не секогаш ги покажуваше своите квалитети во црвениот дрес, и неодамна заврши на клупата по „судирот“ со Жозе Мурињо.

Сепак, тој се врати во форма со фантастичен натпревар во дербито со Манчестер сити, постигнувајќи два гола за 2:3 победа на гости, покажувајќи дека може да игра ако му се даде слобода и Матиќ очекува 25-годишниот Французин да биде уште подобар.

„Со својот карактер, Пол мора да биде нашиот главен играч, бидејќи игра на таа позиција и мора да ја преземе одговорноста. Да не заборавиме дека имаше и повреда оваа сезона, остана три месеци во аут и не е лесно да се вратиш по таква повреда. Луѓето секогаш очекуваат многу кога играш за Јунајтед, и тоа е нормално. Но, Пол е млад и може да биде уште подобар. Покажа карактер и вистинска личност. Видете што се случуваше во последните 10 минути од тој меч“, вели Матиќ.

Scroll to Top