Времето ќе покаже дали проектот Суперлига, пропадна или е само ставен во мирување. 12 европски клубови, во неделата вечерта, предизвикаа фудбалски земјотрес, со објавата ја напуштаат УЕФА и дека формирале своја лига.
48 часа подоцна, под притисок на навивачите и јавноста, клубовите од Англија објавија дека се повлекуваат од проектот. Најавите се дека на Арсенал, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул, денеска ќе им се придружат Интер и Милан.
„Марка“, тврди дека шпанските клубови (Реал, Барселона и Атлетико) заедно со Јувентус ќе поднесат тужби против англиските клубови.
„Реал, Барселона, Атлетико и Јувентус ќе ги тужат Арсенал, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул, бидејќи натпреварувањето кое требаше да го смени фудбалскиот свет, го убија само 48 часа по неговото раѓање“, пишува највлијателниот шпански медиум.