Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ продолжува да е бесценет за тимот на Гезтепе, откако во 3:3 ремито против Аланијаспор постигна два гола за турскиот тим.
Јаховиќ прво во 41. минута донесе водство за Гезтепе од 1:0, за потоа во 74. минута да го постигне голот за турскиот прволигаш за водство од 3:1. И покрај ова гостите успеаја да извојуваат реми, откако постигнаа два гола во последните три минути од натпреварот.
Со овие два гола, Јаховиќ има фантастични 11 гола за турскиот прволигаш оваа сезона. Со ремито Гезтепе пропушти шанса да се доближи до првопласираниот тим на Галатасарај. По 9 одиграни натпревари Гезтепе се втори со 17 поени.