Top Sport

Занети: Сунинг ќе го направат Интер повторно голем

Легендата на Интер, Хавиер Занети вели дека верува дека „Сунинг групацијата“ имаат намера да го вратат италијанскиот тим во борба за големите трофеи.

Аргентинецот сега е потпретседател на „нераѕурите“ и работи со кинеските сопственици кои во 2016 година откупија 70 отсто од акциите.

„Сунинг се група со многу амбиции. Тие се сериозни за својата работа и во исто време ја почитуваат историјата на Интер. Сите имаме иста цел – да се врати тимот во борба за престижните трофеи. Во моментов имаме амбициозен проект“, вели Занети во интервју за „Индепендент“.

Занети беше капитен на славната генерација на Интер која во 2010 година освои тројна круна под водство на Жозе Мурињо.

„Мурињо беше подготвен, се грижеше за сите детали, имаше одличен карактер и голема страст за љубовот. Заедно со нас, за две години имавме фантастичен успех“, се потсетува Занети.

Scroll to Top