Адис Јаховиќ го „скрши мразот“. Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол за Гезтепе во новата сезона. Тимот на Јаховиќ, со пресврт победи кај Касимпаша 2:1.
Јаховиќ во 67.минута постигна гол за 1:1, откако домаќините во 51.минута постигна гол преку Ердоган. Победата на Гезтепе им ја донесе Тијаниќ во 86.минута.
По мечот Јаховиќ се пофали со сувенирот што го доби од познатиот судија Чунеј Чакир.
Картоните, со кои Чакир го судеше мечот, со посвета од познатиот судија ќе завршат кај синот на Јаховиќ.