Top Sport

Навивач колабираше на трибините, мечот Њукасл-Тотенхем прекинат на 10 минути

Првиот натпревар на Њукасл во ертата на новите сопственици е прекинат во 40.минута. Њукасл губи од Тотенхем со 1:3.

Дуелот започна идеално за Њукасл, по 120 секунди игра Калум Вилсон погоди за 1:0.

Тотенхем направија пресврт за само пет минути, во 17.минута израмни Ндомбеле, а во 22. водство на Спарси им донесе Хари Кејн.

Во 40.минута, Андре Маринер, го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалните, откако на еден навивач му се слоши на трибините. Интервенираше клупскиот лекар на Њукалс.

„Навивачот на кого му беше потребна помош е во стабилна состојба и е префрлен во болница“, соопштија од Њукасл.

По пауза од 10 минути натпреварот продолжи, а во финишот на полувремето Сон ја зголеми предноста на Тотенхем.

Scroll to Top