Поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи бил многу блиску да го купи тимот на Манчестер јунајтед, пред семејството Глејзер да го откупи клубот во 2005 година.

Претседателот на Кардиф сити, Мехмет Далман, кој беше преговарач на претходните сопственици, во интервју за „Сандеј тајмс“ тврди дека бил повикан во Либија со приватен авион за Гадафи да преговара за откупување на клубот од „Олд Трафорд“.

Далман беше задолжен да ги продаде 29.9 отсто од клубот на Џон Мањиер и Џ.П. Мекманус, откако ирските милијардери влегоа во конфликт со менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон околу сопственоста на тркачкиот коњ „Рок оф Гибралтар“.

„Луѓето не сфаќаат колку беше блиску до договор со Либија. Гадафи за малку ќе го купеше клубот. Буквално зборуваме за неколку часа. Седум или осум месеци претходно сакавме да купиме акции во Манчестер јунајтед и го држевме тоа како тајна. Но, сега тоа е невозможно. Му кажав на мојот татко дека тоа ќе биде како да ја купуваме Англиската црква. Невозможно е поради фановите, историјата. Тоа е златен, златен клуб за сите“, вели Далман.

Гадафи беше убиен во октомври 2011 по нападот на неговиот роден град Сирте во Либија од страна на бунтовниците.