Top Sport

Баерн го потврдија доаѓањето на Одриозола

Баерн Минхен го потврди ангажманот на фудбалерот на Реал Мадрид Алваро Одриозола. 24 годишниот десен бек претпладнево ги минал лекарските прегледи и потпишал договор до крајот на сезоната.

Алваро Одриозола од почетокот на првенството во Шпанија одиграл само четири натпревари, поради што ја прифатил понудата до крајот на сезоната да настапува како позајмен играч во Баерн.

„Убедени сме дека Одриозола ќе ни помогне со своите квалитети. Среќни сме што донесовме ваков фудбалер“, рекол спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Баерн на позицијата десен бек го има само Џошуа Кимих бидејќи Бенжаман Павар ја покрива позицијата на повредениот Себастијан Зуле.

Одриозола е продукт на школата на Реал Сосиедад, а играч на Реал стана во 2018 година. Неговиот трансфер изнесуваше 30 милиони евра.

Scroll to Top