Камерун во последните половина час успеа да го „скрши“ отпорот на аутсајдерите Гвинеја-Бисао за победнички старт на настапите на Африканскиот куп на нации.
Првиот гол за „непобедливите лавови“ го постигна фудбалерот со апсолутно неверојатно име, Јаја Банана (кој инаку игра во грчкиот Паниониос) во 66. минута, за само три минути подоцна, напаѓачот на францускиот Анжер, Стефан Баокен да зголеми на 2:0.
Камерун уште не успеал да направи генерација која ќе биде ривал на славниот тим од 1990-тите, но сега се предводени од селекторот Кларенс Сидорф и остануваат фаворити во групата Ф покрај Гана и Бенин.