„Сакам да го уништам митот за Пеп Гвардиола“, му порачал Јаја Туре на својот поранешен тренер од Барселона и Манчестер сити.
Јаја Туре го напушти Манчестер сити, откако му истече договорот, се уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата, но како што рекол во интервју за „Франс фудбал“, ќе се обиде да го сруши митот за Пеп Гвардиола.
Туре, според новинарите, што имале можност да го видат интервјуто, го обвинува Гвардила за расизам, однос дека не играл бидејќи доаѓал од Африка.
„Окрутно се однесуваше кон мене. Навистина мислите дека така би се однесувал со Иниеста? Поради тоа се прашувам дали тоа што се случуваше е поради појата на мојата кожа. Не сум првиот што така размислувам, тоа прашање си го поставуваа и други фудбалери на Барселона. Тој беше брутален и кон Вилфред Бони. Кога ќе има храброст да истрча на терен со тим во кој ќе има петмина играчи од Африка, тогаш ќе му испратам торта. Но тоа нема да се случи“, порачал поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.
Јаја Туре беше првиот играч што требаше да замине од Манчестер сити кога во клубот пристигна Гвардиола, но тој не сакаше да замине, а иако не добиваше многу шанси од Гвардиола, тој дури успеа и да го продолжи договорот и остана до клубот до крајот на оваа сезона.
„Имам чувство дека беше љубоморен, ме гледаше како да сум му ривал…Пеп сака да доминира, сака да има послушни играчи што „ќе му јадат од рака“. Не сакам таков однос, Го почитувам тренерот, но јас не сум негов предмет. Не сум се согласувал со многу тренери во кариерата, но на крајот преовладува разумот и доаѓата во ситуација кога започнувате да се разбирате. Тоа со Гвардиола не е можно. Некои играчи ми имаат кажано дека тој е манипулатор“, рекол Туре, кој рекол дека сака да го сруши митот за Гвардиола.
„Барселона? Ништо тој не смисли. Беше паметен да го адаптира она што го смислил Јохан Кројф. Потоа Баерн и Сити, се обиде да го користи истиот шаблон, но под услов да работи со „свои“ играчи. Тоа не би можел да го прави во Кристал палас или Вотфорд. Мислам дека Зидан е подобар тренер, тој ги почитува своите играчи. Пеп сака сите о него да гледаат гениј, да биде обожуван. Сето тоа е комично. Кога ќе го видам како се чешка по главата за да покаже дека многу размислува ми доаѓа да пукнам од смеа. Тоа е комедија“, порачал Јаја Туре.