Агентот на Јаја Туре, Димитри Селук открива дека клетвата на Пеп Гвардиола никогаш да не освои титула од Лигата на шампиони веќе ја нема.
Рускиот агент, кој е долгогодишен соработник на поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Јаја Туре во 2018 година изјави дека Пеп Гвардиола никогаш нема да освои нова титула од ЛШ во кариерата бидејќи африканските шамани го проколнале за лошите односи со Туре. Но, сега, тој вели дека сака Сити да ја освојат тројната титула оваа сезона, бидејќи клетвата е „крената“.
„Сакам да се извинам за оваа ситуација. Мислам дека е време ова да сопре и знам дека Јаја мисли исто бидејќи сака успех за Сити. Можам да потврдам дека клетвата е крената од шаманите и дека Сити ќе ја освојат Лигата на шампиони под Пеп. Ако не се случи оваа година, тогаш во следните три години. Се сеќавате кога го критикував Сити дека не му даде торта на Јаја за роденденот? Па, овој месец е мој роденден и подарокот е кревање на клетвтата. Се надеваме дека Сити ќе ја освои тројната титула“, изјави Селук за „Мирор“.
Сити гостуваат кај Реал Мадрид утре во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони.