Поранешниот ас на Манчестер јунајтед и Барселона, Јаја Туре е нов помошник тренер во украинскиот прволигаш Олимпик Доњецк, враќајќи се во градот каде што ја почна својата професионална кариера во 2003 година.
37-годишниот поранешен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, живееше во Англија, каде што ги добиваше тренерските „беџови“ за сега да биде помошник-тренер во тимот кој е седми во лигата.
„Ја почнав мојата професионална кариера во Доњецк, а сега почнувам како тренер тука. Секако, сфаќам дека Олимпик не е Металург, но се сеќавам како ме пречекаа луѓето тука и уште сум импресиониран од тоа. Не е лесно да најдеш место каде што ќе можеш да учиш без непотребен притисок и каде што ќе бидеш прифатен како пријател“, вели Туре.
Туре потпиша за Металург Доњецк во декември 2003 година и помина таму една и пол година, пред да замине во 2005 за Олимпијакос. Потоа, тој беше ѕвезда во Барселона и најмногу во Манчестер сити, со кои освои три титули од Премиер лигата. Последен ангажман на Туре беше кинескиот Кингдао Хуангхаи, каде што си замина во јануари 2020 откако помогна да влезат во првата лига. Металург Доњецк, пак, сега е непостоечки клуб, бидејќи во јануари 2015 банкротираше.
It’s great to back in the Ukraine to continue by coaching journey! ??
Thank you to Olympic Donetsk for the wonderful welcome.
I’m looking forward to passing on my knowledge, helping the team and also continuing my learning here. pic.twitter.com/aLNVHZuHcL
— Yaya Touré (@YayaToure) February 10, 2021