Јаја Туре ќе го напушти Манчестер сити, но нема намера кариерата да ја продолжи во Кина или некоја друга „егзотична дестинација“. Туре за осум години минати во дрсот на Сити три пати ја освои Премиер лигата.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на слонова коска верува дека може да одигра уште една или два квалитетни сезони во Англија.
„Секако дека сакам да останам во Англија, но имам доволно време за да решан што понатаму. Верувам дека можам да одиграм уште сезона или две во Премиер лигата“, рекол Јаја Туре.
„Трансфер во Кина или во Абу Даби за мене е синоним за пари. Логично е дека луѓето се среќни кога добро заработуваат, но јас на работите гледам на поинаков начин“, дополнил Јаја Туре.
Инаку изминатите неколку сезони овој фудбалер во манчестер сити имаше неделна плата од 250.000 фунти.