ЈаПоранешниот ас на Манчестер сити и Барселона, Јаја Туре вели дека борбата против расизмот во фудбалот е сега многу потешка бидејќи навивачите се многу поглупави отколку во минатото.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска подолго време го критикува приодот на светскиот фудбал кон расизмот, посебно во последните неколку години кога инцидентите во Англија и Италија се зголемија.
„Разговарав со луѓе од ФИФА бидејќи тоа е многу важно прашање и мораме да пристапиме внимателно кон тоа. Знам дека ќе биде тешко бидејќи до победата не чека долг пат. Навивачите, луѓето, стануваат сѐ поглупави. Најшокантно е што сме 2019, и што ќе правиме за пет или десет години? Не можеме да продолжиме вака“, вели Туре.
Туре во моментов игра за кинескиот тим Кингдао Хуангхаи и признава дека се подготвува за пензионирање за да се бори против расизмот.
„Кога ги видов тие работи ми дојде идеја да се повлечам веднаш и да се приклучам на ФИФА за да работам на тоа. Не знам како луѓето можат да веруваат во ФИФА и УЕФА ако не се направи ништо“, додава Туре.