Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, Јаја Туре, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Олимпијакос. 35-годишниот фудбалер ќе потпише договор со грчкиот клуб вреден два милиони фунти.
Јаја Туре пред 13 години играл за Олимпијакос. Во сезоната 2005/2006 одиграч 26 натпревари и постигнал три гола.
Потоа играше во Монако, Барселона и Манчестер сити. Во Англија, Туре мина цели осум години, а реши да замие од Сити откако у истече договор.
Јаја Туре, вчера во Лондон ги завршил лекарските прегледи, а медиумите шпекулираа дека тој ќе потпише договор со некој од тимовите од овој град. Сепак, тој решил да се врати во редовите на Олимпијакос.