Јаја Туре ја завршил професионалната кариера, ова г објави неговиот менаџер Димитир Селук, кој на „Твитер“ напишал дека неговиот клиент ќе започне тренерска кариера.
Туре најголемите успеси во кариерата ги постигнал со Барселона и Манчестер сити. Оваа сезона ја започна во Олимпијакос, но по само три месеци доби отказ и уште тогаш беше јасно дека ќе замине в пензија.
Јаја Туре со Брегот на Слоновата коска бил шампион на Африка, а четири пати бил прогласуван за најдобар африкански фудбалер (2011, 2012, 2013, 2014).
Како играч на Барселона два пати ја освоил Ла Лига, а има има титули и во Лигата на шампионите, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија и УЕФА. Со Манчестер сити три пати ја освоил Премиер лигата, а два пати победил во ФА, односно Лига купот.