Top Sport

Јамал го пропушта почетокот на Светското првенство

Најголемата ѕвезда на шпанската репрезентација, Ламин Јамал, би можел да го пропушти почетокот на Светското првенство поради повреда. Иако првите прогнози беа оптимистички, од Каталонија доаѓаат загрижувачки вести, кои укажуваат дека рехабилитацијата ќе трае подолго од рпедвиденото.

Јамал се повреди за време на натпреварот од првенството против Селта. Проблемот се случи откако тој изведе пенал – веднаш по ударот се струполи на тревникот и побара да биде заменет.

Последователните прегледи открија повреда на бутниот мускул на левата нога, односно бицепсот на феморисот. Како што пишува „Каталонски спорт“, во клубит ќе бидат исклучително внимателни со неговиот процес на рехаблитиација..

Медицинскиот персонал на клубот инсистира дека со закрепнувањето на Јамал не смее да се брза, дури и по цена да ги пропушти првите натпревари на Шпанија на Светското првенство.

Најголемата загриженост е можноста повредата да се повтори или влоши ако се врати на теренот прерано, што би можело да има долгорочни последици за кариерата на еден од најталентираните млади играчи во светот.

Закрепнувањето од умерено истегнување на тетивата се проценува дека ќе трае од четири до шест недели. Во тој случај, Јамал би бил подготвен за третиот натпревар од групната фаза против Уругвај, кој ќе се игра на 27 јуни.

Ова би значело дека ќе ги пропушти дуелите со Зелено’ртските Острови и Саудиска Арабија, што би бил голем удар за амбициите на шпанскиот тим на самиот почеток од турнирот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');