Top Sport

Јамал испиша историја во ЛШ, Рафиња изедначи рекорд на Меси

Барселона со убедливиот триумф над Борусија Дортмунд зачекори во полуфиналето во Лигата на шампионите. Рафиња, Левандовски (два пати) и Јамал ги постигнаа головите за Барселона.

Рафиња и Јамал влегоа во клупската историја.

Суперталентираниот 17-годишен фудбалер влезе во историјата како единствен играч кој одиграл 20 натпревари во Лигата на шампионите пред да наполни 18 години.

На претходните 19 натпревари, Џамал постигна три гола и запиша шест асистенции.

Неодамна собори уште еден рекорд со тоа што стана најмладиот играч со гол и асистенција на еден меч од Лигата на шампионите.

Шпанскиот репрезентативец постигна гол и асистираше на Рафиња во победата на Барселона над Бенфика од 3:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на 17 години и 241 ден.

Рафиња го израмни рекордот на Лионел Меси по број на голови и асистенции во една сезона од Лигата на шампионите.

Во сезоната 2011/12, славниот Аргентинец учествуваше во вкупно 19 гола за Каталонците, што сега му успеа и на Бразилецот, бидејќи неговиот гол против жолто-црните од Вестфалија беше негов 12-ти од почетокот на сезоната, а има и седум асистенции.

Рафиња до крајот на натпреварувањето има одлична можност да го претекне Меси и да постави нов клупски рекорд.

Scroll to Top