Top Sport

Судењето на Модриќ префрлено во Загреб

Врховниот суд на Хрватска решил судењето на Лука Мадриќ да го премести од Осиек во Загреб. На Модриќ му се суди поради лажно сведочење на судењето на поранешниот висок функционер на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.

Обвинението пртив Модриќ е покренато во март оваа година, пред Општинскиот суд во Осиек, каде се водеше и постапката против Мамиќ, кој пред еден месец е осуден на шест и пол годишна затворска казна.

Врховниот суд го прифатил барањето на адвокатите на Модриќ, судењето да се префрли во Загреб, бидејќи тој имал живеалиште во Загреб.

Се очекува оваа есен да биде закажана седница на обвинителството кое треба да го потврди обвинението, против Модиќ, да го отфрли или да го врати на доработка.

Обвинителството во Осиек го товари 32-годишниот Модриќ, дека на 13.јуни минатата година, са судењето на Мамиќ и на тројцата негови соработници, свесно изнел невистини, поврзани со анексот на договорот за професионално занимавање со фудбалот, со кој се регулирала поделбата на парите од трансферот.

Според тој анекс парите од трансферот на Модриќ требало еднакво да бидат поделени помеѓу него и клубот. Таков анекс тој потпишувал секогаш кога ќе го продолжел договорот, а поради наводна измена на банкарската сметка, тој потпишал уште еден анекс кога веќе заминал од Динамо во Тотенхем.

Според обвинителството, Модриќ не ја кажувал вистината, бидејќи сите анекси ги потпишал откако се преселил во новиот клуб, при што целиот износ од трансферот му припаднал на клубот.

Обвинителството смета дека Модриќ го сменил исказот за да му помогне на Здравко Мамиќ.

Инаку, Здравко Мамиќ, неговиот брат Зоран, поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ и даночниот инспектор, Милан Пернар, се осудени дека го оштетиле Динамо за 15,5 милиони евра, а буџетот на Хрватска за 1,6 милиони евра.

Здравко Мамиќе е осуден на шест и пол годишна затворска казна, Зоран Мамиќ на четири години и 11 месеци, Дамир Врбановиќ, кој е извршен директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, на три години, а Милан Пернар на четири години и два месеци.

Кривична за Модриќ, лажно сведочел во процесот против Мамиќ

Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ

Scroll to Top