Top Sport

Јанал е новиот предводник на Фенербахче

Фудбалскиот клуб Фенербахче, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во петокот доби нов тренер, кој ќе се обиде да ја извлече екипата од од најголемата криза.

Иако медиумите како можни наследници на отпуштениот Ервин Куман шпекулираа со имињата на Арсен Венгер и Славиша Јокановиќ, клупските челници решија работата да му ја доверат на Ерсун Јанал.

Овој тренер во сезоната 2013/2014 го предводеше Фенербахе до шампионската титула во домашното првенство.

Јанал е третиот тренер од почетокот на сезоната. Фенербахќе до октомври го предводеше Филип Коку, а потоа како привремено решение клубот го назначи неговиот помошник Ервин Куман.

Јанал со Фенербахче потпишал 18-месечен договор.

Во домашното првенство Фенербахче се наоѓа на претпоследното 17.место со само 14 бода.

Scroll to Top