Eден од најверните навивачи на македонската фудбалска репрезентација, малиот херој Јане Велковски, доби покана од УЕФА да биде дел од финалето на Лигата на шампионите во Париз и да го следи дуелот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Тој беше учесник во рекламните спотови на УЕФА за „Equal Game“, а доби огромно изненадување од Европската куќа на фудбалот да го следи во живо финалниот натпревар во елитното европско клупско натпревар.