Top Sport

Јаневски: Да го поправиме впечатокот од првиот меч

Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски и играчот од средниот ред Хуан Фелипе, во пресрет на утрешниот натпревар со Реал Сосиедад, одржаа прес конференција во Сан Себастијан.

Вардар гостува на „Аноета“ и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот меч против овој противник. Пред две недели Реал Сосиедад победи во Скопје со 6:0.

„Ни остануваат уште три натпревари во Лигата на Европа, почнувајќи од ова тешко гостување кај Реал Сосиедад. Знаеме за каков тим се работи, но ние треба да гледаме како Вардар ќе го одигра овој натпревар, и со една добра организација, добра желба да направиме добар резултат. Во овие неколку денови после првенството добро се подготвуваме. Знаеме дека сме во резултатска криза, но овие натпревари ни даваат шанса и можност да се докажуваме во Европа. Ќе направиме се што е во нашите можности да се надигруваме со еден силен тим, и сакаме лошиот впечаток и лошиот резултат кој го имавме на домашен терен, да го поправиме и да дојдеме до позитивен резултат“, изјавил Јаневски.

Хуан Фелипе кој пред две недели се вклопи во сивилото на скопскиот тим и целосно ја загуби борбата на среднита од теренот. Слично како и тренерот и тој очекува Вардар да го порави впечатокот од првиот меч.

„Не очекува навистина тежок меч. Против нас имаме квалитетен состав, свесни сме со кого играме.Ќе се обидеме да изненадиме. Се наоѓаме во тешка ситуација и мала резултатска криза криза, не знам зошто е тоа така. Единствено што можеме да направиме е да дадеме се од себе. Имаме голем предизвик пред нас, но треба да играме најдобро што знаеме и да го извлечеме најповолниот резултат за нас“, изјавил Фелипе.

Натпреварот на „Аноета“ ќе започне во 21:05 часот.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top