Top Sport

Матиќ: Немам што да докажувам на фановите на Челси

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ вели дека нема што да докажува пред навивачите на Челси пред враќањето на „Стемфорд Бриџ“ овој викенд како играч на „Ѓаволите“.

Српскиот фудбалер беше клучен човек во западен Лондон три и пол години, помагајќи „Сините“ да стинат до две титули од Премиер лигата и една од ФА купот, пред изненадувачки да се пресели на „Олд Трафорд“ за 40 милиони фунти за повторно да работи со Жозе Мурињо, кој го донесе и во Челси во јануари 2014 година.

Матиќ вели дека задржал почит кон неговиот поранешен тим, но не е многу загрижен за реакцијата која ќе ја предизвика кај навивачите на актуелниот шампион.

„Кога играв таму секогаш давав 100 отсто и заедно освоивме две титули и два купа. Сигурен сум дека ќе го почитуваат тоа, ни и да не биде така, навистина не ми е грижа. Кога играв таму го покажав мојот квалитет и немам што друго да докажувам. Имам за докажување во мојот нов тим. Среќен сум што сум дел од овој клуб, што работам со Мурињо. Сега Манчестер јунајтед е мојот тим. Ќе ги почитуваме Челси, бидејќи се добар тим, бидејќи се шампиони и бидејќи не чека тежок натпревар. Меѓутоа, и ние имаме наши квалитети“, вели Матиќ.

Scroll to Top