Top Sport

Јаневски: Голот дојде предоцна

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски беше делумно задоволен од играта која ја пружи неговиот тим во второто полувреме при 2:1 поразот од Зенит во Русија.

Сепак, тој прво ги посочи грешките кои „црвено-црните“ ги правеа на почетокот на натпреварот

„Мислам дека беше убав и добар натпревар со два тима кои сакаа да победат. Како што реков и претходно, за да направиме добар резултат тука, мора да бидеме добро организирани и да не правиме многу грешки. Нормално беше да Зенит пред својата публика нападне во првите 15. минути, и ние се плашевме да не примиме гол како во Скопје. Примивме гол кој што не беше многу тешко да се одбрани, и моравме подобро да реагираме. Потоа дојде и пеналот кој што за мене е многу сомнителен, и благодарение на нашиот голман го одбрани. Тоа беше клучен момент да веруваме до крајот на мечот дека можеме да направиме нешто повеќе. Тоа ни даде позитивна енергија. Создававме неколку полушанси, и не направивме да одиме на полувреме со еден постигнат гол, а примивме втор“, вели Јаневски

Сепак, во второто полувреме Вардар одигра многу подобро, а дојде и евроголот на Блажевски.

„Во вториот дел и со игра и со посед тимот добро одговори на поставените задачи, не се уплашивме и на моменти бевме поопасни од противникот. Дадовме гол но за жал доцна. Одигравме подобро од Скопје, само можам да кажам дека не сум задоволен од крајниот резултат. Честитки до Зенит за победата“, рече Јаневски.

Вардар минимално поразен во Петроград (видео)

Scroll to Top