Top Sport

Вардар минимално поразен во Петроград (видео)

Македонскиот шампион Вардар го претрпе и петтиот пораз во петтиот настап во групата Л од Лигата на Европа, откако на гостувањето кај Зенит Санкт Петербург загуби со 2:1 на прекрасниот „Крестовскиј“.

Дмитриј Полоз уште во 16. минута ја искористи грешката на дефанзивците на Вардар и погоди 1:0, во 26. минута Евгениј Новак направи несмасен прекршок над Артем Ѕјуба за судијата да досуди пенал. Филип Гачевски блесна со одлична интервенција и го сопре ударот на Ѕјуба.

Во финишот на првото полувреме, Емилијано Ригони погоди во 43. минута за 2:0 водство на тимот на Роберто Манчини. Но, сепак лошата игра на македонскиот тим, Зенит ја казни со втор гол преку Емилијано Ригони во 43. минута.

Сепак, за разлика од првиот натпревар во Скопје, кога Вардар загуби со катастрофални 5:0, овојпат рускиот тим не го најде уште еднаш патот до голот на Гачевски. Во второто полувреме, Вардар се обиде да воспостави теренска иницијатива, а најдобрата шанса за „црвено-црните“ ја имаше Џигуари кој го натера голманот Лодигин да направи ефективна интервенција. Дејан Блажевски во 90. минута ја круниса подобрата игра на Вардар со одличен гол по нафрлањето од корнер.

По пет кола, Зенит е прв на табелата со 13 поени, додека Реал Сосиедад се втори со 12 поени откако Микел Ојарзабал во 90. минута им донесе 1:0 победа на гостувањето кај норвешкиот Розенборг, кој е трет на табелата со 4 поени. Вардар е последен без поени и со катастрофална гол разлика од 2:19 во првиот настап во европско натпреварување по групи во историјата.

Вардар европската одисеја ја завршува на 7 декември, кога во Скопје гостува норвешкиот шампион Розенборг, во можеби најдобрата шанса „црвено-црните“ да го освојат првиот поен, а зошто да не, и првата победа во Лигата на Европа.

ГРУПА Л

Зенит Санкт Петербург – Вардар 2:0

Розенборг – Реал Сосиедад 0:1

Табела: 1.Зенит 13, 2.Реал С. 12, 3.Розенборг 4, 4.Вардар 0

Scroll to Top