Top Sport

Јани Атанасов имаше одлично деби за Краковија

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов имаше одлично деби во дресот на полскиот прволигаш Краковија. Тој беше стартер и асистираше при првиот гол за својот тим, а Краковија славеше над Горњик Забже со 2:0.

Во 17.минута, Јани Атанасов изведе корнер од левата страна по кој Вирџил Гита го постигна водечкиот погодок.

Scroll to Top