Јаник Фереира Караско (24), според пишувањата на шпанските медиуми кариерата ќе ја продолжи во Кина. Иако се наоѓа во најпродуктивните фудбалски години Белгиецот настојува да го напушти Атлеитко Мадрид, а веројатно неговиот нов клуб ќе биде Далиан Јифанг.
Атлетико му дозволил на Караско да преговара со кинескиот клуб, а локалните медиуми информираат дека договорот бил постигнат и дека наскоро трансферот ќе биде официјализиран.
„Јорганџиите“ од продажбата на крлиниот играч ќе добијат 30 милиони евра.
Караско во 2015 година од Монако пристигна во Атлетико, но за три години не успеа во целост да го прифати начинот на раборта на тренерот Диего Симеоне.
Се шпекулираше дека тој може и зимскиот преоден рок да го напушти клубот и да се пресели во Наполи.
Интересно е што тој се реши да ја напушти Европа иако за неговите услуги покрај Наполи интерес покажаа уште неколку тимови.
Сезонава за Атлетико, во Ла Лига, Караско има одиграно 17 натпревари, на кои постигнал три гола и запишал четири асистенции.