Top Sport

Чудо во Пјонгчанг, Американките го освоија хокеарскиот турнир (видео)

Хокеарките на САД приредија вистинска сензација откако ја совладаа Канада 3:2 во финалето на олимпискиот турнир во хокеј на мраз. Финалето по 60 минути игра заврши 2:2 во продолжението немаше голови, а Американките победија во пенал рулетот.

САД на женскиот хокеарски турнир освоија златен медал по пауза од 20 години, односно од Игрите во Нагано во 1998 година. Потоа во 21 век првото место беше резервирано за Канаѓанките, кои триумфираа во Солт Лејк Сити (2002), Торино (2006), Ванкувер (2010) и Сочи (2014).

Овие две селекции играа и во рвата фаза и дуелот заврши со победа на Канаѓанките проади што во дуелот влегоа како апсолутни фаворитки, но Американките со храбра игра успеаја да забележат голем успех.

Најт на 26 секунди до крајот на трвата третина, во ситуација со хокеарка повеќе, го постигна првиот гол за САД. Канаѓанките направија пресврт во воведните пет минути со головите на Ирвин и Пулам.

Храбрите Американки во 34 минута преку Морандо израмнија на 2:2.

Канаѓанките доминираа во продолжението, имаа голема шанса преку Келер, а во последните 90 секунди Американките се одбранија кога имаа хокеарка помалку на мразот.

Пенал рулетот по пет серии заврши со резултат 2:2 во шестата Морандо постигна гол за САД, а ударот на Марсијано го одбрани голманката на САД Руни.

Scroll to Top