Јанис Хаџи потпиша нов долгогодишен договор со Глазгов Ренџерс, отфрлајќи ги шпекулациите дека ќе се врати во Серија А.
21-годишниот син на легендарниот Георге Хаџи, беше фудбалер на КРЦ Генк и оваа сезона беше на позајмица во Шкотска, каде што го импресионираше менаџерот Стивен Џерард.
„Возбуден сум што се враќам во клубот и повторно го носам овој славен дрес. Имаше интерес и од други клубови, но приоритет ми беше да се вратам во Глазгов. Уживам на ’Ајброкс’ и едвај чекам повторно да играм пред нашите фанови“, изјави Хаџи.
Тој постигна три гола во 12 меча за клубот од Глазгов. Тој претходно беше дел од младинската академија на Фиорентина.