Top Sport

Јанис и Милвоки победија против Ембид и Филаделфија

Кошаркарите на Милвоки Бакс, славеа победа во дербито на Источната конференција, против Филаделфија 124:117. Дуелот го обележа дуелот на најголемите ѕвезди на двата тима, Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид. Гркот на крајот и поентерски го надигра Камерунецот.

Милвоки во првите три четвртини го решија прашањето околу конечниот победник. Во последната четвртина, Бакс, влегоа со предност од 21 поен, Севентисиксерски до крајот изборија пристоен пораз.

Адетокумбо ги предводеше Бакс со 27 поени, 16 скокови и шест асистенции. Двоцифрени кај Бакс беа уште Крис Мидлтон (24 поени), Боби Портис (23) и Брук Лопез (16).

На спротивната страна Ембид постигна 24 поени, Шејк Милтон 20, а Тбајас Херис 18 поени.

Во Источната конференција, до крајот на регуларниот дел од сезоната три тима ќе се борат за првото место, Бруклин и Филаделфија имаат скор 39 победи и 20 порази, а Милвоки се на 36 победи и 22 порази.

Scroll to Top