Top Sport

Јануари во Премиер лигата во знакот на Де Хеа

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Шпанецот е првиот голман, по пауза од шест години, кој е прогласен за играч на месецот. Во 2016 година, Премиер лигата, го награди тогашниот голман на Саутемптон, Фрејзер Фостер.

Изминатиот месец, Манчестер јунајтед одигра четири натпревари, забележа две победи, пораз и реми. Де Хеа на тие натпревари имал 22 одбрани.

Шпанскиот репрезентативец, со вкупно 84 одбрани е лидер во Премиер лигата, во оваа статистичка категорија.

Де Хеа прв пат во кариерата е прогласен за играч на месецот. До сега во кариерата бранел на 361 натпревар во Премиер лигата, на 127 не примил гол.

Scroll to Top